Зошто ви опаѓа косата?

3 јули 2013

Но, нема причина за паника бидејќи опаѓањето на косата е само пророден процес со рок на траење. Во меѓувреме можете да се консултирате со вашиот фризер, кој ќе ви потврди дека во текот на процесот нормално е да опаѓаат и по 100 влакна дневно и дека таквата природна регенерација е нормална.

Доколку сакате здрава, бујна и убава коса, тогаш треба да се придржувате до следните совети:

1. Вашата коса може да изгледа лошо поради недостатокот на железо, цинк и манган кои се потребни за рамнотежа и функција на скалпот. Потребно е да ја збогатите вашата исхрана со месо, зеленчук, ореви, млеко, житарици и риби и редовно да пиете А, Б И Ц витамини.

2. Иако мислите дека е незамисливо да се откажете од постојаното фенирање, виткање или пеглање на косата, сепак најдобро би било во периодот на обвновување да го одбегнете дополнителното оштетување на косата. Ова се однесува и на оние кои користат фарби за коса. За нив најдобро би било да користат преливи без амонијак и пероксид или пак да користат боја на билна база.

3. Некои производи како што се пената за коса или гелот исто така може да ја оштетат косата и обрнете внимание при изборот на шампон, тој да биде благ, а не агресивен.

4. Оние девојки кои имаат долги коси треба да знаат дека постојаното врзување на косата во репче или пунџа исто така е лошо и дека тоа влијае на на циркулацијата на скалпот.

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Убавина