Вера Мештеровиќ препорачува: одморете од шминкање и истакнете ги очите со трепки од Clarissa

8 февруари 2018

Драги дами,

Доколку сакате да ги истакнете очите и да се одморите од секојдневното шминкање, топло ви ги препорачувам висококвалитетните вештачки трепки од Clarissa.

Со овие вештачки трепки ќе постигнете совршен ефект и ќе ставите акцент на очите, дури и без да нанесувате маскара.

Козметичкиот бренд Clarissa во својот богат избор на производи, ви нуди различни видови на вештачки трепки што секако може да ги прилагодите на вашите потреби.

Исклучително значајно е паметно да ја одберете должината и густината на трепките за да изгледаат соодветно, независно во која ситуација се наоѓате.

Доколку се работи за некој посебен настан, каде треба да изгледате гламурозно, секако може да се одлучите и за подолги трепки за посензуален изглед. Но, кога се работи за секојдневен или деловен изглед, тогаш долгите трепки треба да се заменат со посуптилни за да постигнете поприроден изглед.
Со надградба на квалитетни вештачки трепки од Clarissa, заштедувате време кое инаку би го потрошиле на секојдневна мејкап рутина, а во денешнава современа динамика и темпо на живот, тоа е исклучително значајно.

Ваша,
Вера Мештеровиќ

 

Стајлинг: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

*спонзорирана објава

Вера Мештеровиќ, е ексклузивен промотор на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се верзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија и покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

 

Објавено:
8 февруари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.883 пати