Адам Левин гостин во новото урбенесно Карпул Караоке

Фронтменот на популарниот бенд Maroon 5, Адам Левин, беше гостин на последното Карпул Караоке со познатиот шоумен Џејмс Корден.

Заедно со водителот, тој испеа некои од најпопуларните хитови на неговиот бенд, а како и секогаш, имаше дел во кој правеа шеги и се забавуваа.

Во еден момент, ќе ги застане и полициски автомобил за да ги поздрави, а пред крајот ќе возат и на стаза за картинг.

Пејачот ќе ги покаже и своите способности да балансира работи на своето лице, на големо воодушевување на водителот, а ќе говори и за тоа како се чувствува што неговите две ќерки ќе пораснат во Лос Анџелес.

Погледнете го видеото и насмевнете се овој вторник!

Објавено:
29 мај 2018
Прегледно:
76 пати