Алекс Родригез објави досега невидени моменти од „Супер Боул“

Партнерот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, на својот „Јутјуб“ објави неколку видеа, кои содржат досега несподелени моменти од „Супер боул“-от, односно од моментот кога Џеј Ло дознава дека ќе настапи, па сè до финалето.

Инаку, според последните податоци, ова е најгледаното шоу во историјата на „Супер боул“. Го следеле преку 148 милиони гледачи, а само на „Јутјуб“ (на официјалниот канал на настанот) има преку 121 милион прегледи.

Како пренесува Родригез, тоа на Џенифер ѝ донело зголемена продажба, но ѝ нови четири милиони следбеници на социјалните мрежи.

За сега објави три продолженија, дали ќе има уште не знаеме, но од сето она што го презентираат, повеќе од јасно е дека со текот на времето Џенифер Лопез и Алекс Родригез станале одлични бизнисмени.

Погледнете ги и останатите два дела:

 

Објавено:
12 февруари 2020
Прегледно:
292 пати