Алесандра Амброзио има кул техники за шминкање

Бразилската убавица Алесандра Амброзио за Вог ги сподели одличните техники на шминкање, а откри и кои се нејзините омилени производи за нега на кожата на лицето.

Како што ќе каже, никогаш не сакала да употребува премногу пудра, но затоа вљубена е во производите за нега на кожата на лицето, бронзените хајлајтери, коректорите за подочници...

Она со што прво почнува и дава совет дека сите треба да го правиме истото е ставањето на соодветна маска за хидратација и освежување на кожата и истата добро ја прицврстува со ролер што претходно го чува во ладилник.

За неа убавината е природното, па така сака работи што ѝ даваат сјај на кожата, балсам за усни, руменило во розова боја, сенки во земјени и секако, квалитетна маскара.

Ќе каже дека сака да ја покажува нејзината убава кожа, со оглед на тоа што живее во Калифорнија и често е на плажа, па така сака и вратот и деколтето да ѝ се негувани и да имаат сјај.

Во видеото ќе ги погледнете нејзините чекори за совршена бразилска убавина по која е и позната.

Објавено:
12 април 2019
Прегледно:
496 пати