Алиша Кис го „запали“ интернетот со одличната имитација на Адел

Прекрасната Алиша Кис неодамна беше гостинка во шоуто на Џими Фалон и во рубриката „Wheel of Musical Impressions“ уште еднаш докажа зошто многумина ја сметаат за најдобра пејачка во светот.

Целата поента на рубриката која е дел од едно од најгледаните светски ТВ шоуа е тоа што секој гостин треба да испее некоја песна имитирајќи го гласот на некоја светски позната музичка ѕвезда.

Ултра талентираната Алиша Кис совршено ја испеа песничката за азбуката со гласот на планетарно популарната пејачка Адел и ги освои сите во публиката.

Таа беше подеднакво фантастична имитирајќи ја единствената Џенис Џоплин во верзија на „Twinkle Twinkle Little Star“, а потоа и нејзината колешка од шоуто „The Voice“, Гвен Стефани.

Подеднакво фасцинантен беше и самиот водител кој беше одлична верзија на Елвис Присли и  популарните The Pointer Sisters и како и секогаш направија вистинско шоу со одличниот бенд The Roots.

 

Објавено:
2 март 2017
Прегледно:
2.638 пати