Анплагд што ќе ви разбуди емоции – Васил Гарванлиев ве носи на магично музичко патување

Двајца извонредни македонски музичари, вонсерискиот Васил Гарванлиев и гитаристот Горан Алиќ, на македонската публика ѝ подарија анплагд што ги буди и најдлабоко закопаните емоции.

Насловен „Дом. Патување. Љубов", ова магично музичко патување спојува седум македонски песни од различни временски декади од изминативе 60 години, тематски поврзани со најесенцијалните човечки емоции. А токму така ги пренесуваат и двајцата музичари – со нескриена емоција.

„Со огромна чест и задоволство ви го претставувам мојот врор проект Дом, Патување, Љубов, со кој се навраќам на нашите корени со почит кон нашата богата Македонска музика заедно со мојот супер талентиран пријател гитаристот Горан Алиќ. Дом, Патување, и Љубов се трите столба и нишката помеѓу нив што ги врзува убавите спомени, и не потсетува од каде сме, каде живееме, за што се бориме, и кон што се стремиме истовремено. Музиката е нераскинлива врска што не спојува сите нас, и воедно мојот личен универзален пасош кој ми ги отвара сите врати како глобален музички амбасадор", вели Васил во своето обраќање фо публиката.

Уживајте...

Фото: Бојан Стоилковски, фан страна на Васил Гарванлиев

Објавено:
24 април 2019
Прегледно:
1.279 пати