Барбра Стрејсенд побара Сири правилно да го изговара нејзиното име

Таа е дефинитивно едно од најголемите светски музички имиња и дама со неверојатен шарм и позитивна енергија дури и на 76 години.

Барбра Стрејсенд беше дел од последното Карпул Караоке со познатиот водител Џејмс Корден, а за промена, овојпат таа го возеше до неговото работно место, односно ТВ куќата Си-Би-Ес.

Она што беше особено интересно е тоа што откри дека неодамна морала да ја обнови нејзината возачка дозвола и дека не е добар возач, но и дека ќе направи исклучок за водителот.

На тоа, Корден вели дека ако вака треба да заврши неговиот живот, тогаш се согласува последното возење да му биде со музичката дива.

Во краткото интервју во автомобилот каде пееја и некои од нејзините најголеми хитови, таа ќе каже дека неодамна му се јавила на првиот човек на Епл, Тим Кук и побарала Сири правилно да да го изговара нејзиното име, што и се случило за само неколку денови.

Подеднакво интересно, ќе каже и дека додека бил жив Стив Џобс постојано му се јавувала кога имала проблеми со нејзиниот компјутер да бара помош од него.

И на 76 години, таа изгледа исклучително добро како и секогаш и е полна со енергија, на што треба да се огледа секој млад човек денеска.

Погледнете го целото видео од новото Карпул Караоке и уживајте!

Објавено:
2 ноември 2018
Прегледно:
227 пати