Бил Гејтс нема поим какви се цените во продавница

Најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс беше на гости кај Елен Деџенерис. Водителката имаше за него подготвено игра, да погоди колку чинат петте производи во студиото.

Ако ја погоди точната цена или биде блиску до неа, публиката ќе биде наградена. Од петте производи, Бил знаеше само колку чини конецот за заби, бидејќи и самиот го користи.

За останатите немаше идеја колку се бидејќи како рече и самиот, не се сеќава кога последен пазарувал сам. Долги години има луѓе кои го прават тоа за него.

Погледнете како се снајде во играта што Елен му ја подготви, а која ги размрда и корисниците на социјалните мрежи кои не ги штедеа шегите на негова сметка.

 

Објавено:
23 февруари 2018
Прегледно:
1.531 пати