Боб Дилан не проговори ниту збор во емисијата на Џими Фелон

Боб Дилан се појави во емисијата на Џими Фелон со цел да го промовира неговото ново виски, а во истата не проговори ниту збор.

Заедно со водителот, тој гледаше приватна претстава од еден од најпознатите циркузи во светот, Big Apple од Њујорк.

Сосема на крајот, Дилан исчезнува од театарот и водителот останува сам, а една од изведувачите му вели дека тој цело време бил сам, дека немало никој со него, на што тој се надоврзува со прашањето „Што имаше во тоа виски“?

Инаку, музичката легенда е позната по тоа дека речиси никогаш не гостува во емисии од овој тип, па оттука и не беше чудно што не проговори ниту збор.

Погледнете го целото видео погоре.

Објавено:
27 ноември 2018
Прегледно:
101 пати