Божиќ во Париз

Луксузната париска стоковна куќа „Принтемпс“ меѓу првите во јавноста ги претстави своите прекрасни божиќни излози. 

Огромни добри самовили, светлосни ефекти и уште многу други ситни детали кои го прикажуваат празничниот дух, се само дел од нештата што ги красат излозите на оваа куќа во Париз. Инаку, пред 150 години за прв пат божиќните самовили се појавиле во излозите на стоковните куќи на булеварот „Хаусман“. 

На претставувањето на божиќните излози кои се посветени на петте познати бреднови оваа сезона - Барбери, Кристијан Лубутан, Соња Рикел, Лонжин и Евиан, се најдоа и амбасадорката на брендот спонзор -  Ланком, Кејт Винслет, која и го отвори настанот.

Раскошните и украсени излози добија и своја мини кампања во облик на видео, кое имате можност да го видите.

Објавено:
9 ноември 2015
Прегледно:
1.814 пати