Бред Пит : Првиот бакнеж го имав со Лиса, а имав и две матурски прослави

Бред Пит, кој годинава ќе се натпреварува за Оскар во категоријата „Најдобар актер во споредна улога“ во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, имаше видео интервју за „W Magazine“, каде одговори на некои несекојдневни прашања за неговиот приватен живот.

Така, актерот откри дека првата девојка со која се бакнал се викала Лиса и дека не се работело за спонтана ситуација, туку сè било договорено - каде и кога да се случи.

На тоа се надоврза приказната дека имал и две матурски прослави, бидејќи се забавувал со девојка од соседството, која не одела во неговото училиште. Затоа, половина од вечерта ја поминале во неговото, а половина во нејзиното училиште и за таа пригода носел бело сако.

Потоа, помеѓу другото се осврна на соработката со Тарантино, потенцирајќи дека во многу нешта се препознава во ликот што го толкува - Клиф Бут, како и тоа дека му било задоволство што ќе соработува со Квентин, бидејќи во неговите филмови, ликовите секогаш имаат добри автомобили со кои се возат.

Видеото завршува со шега околу неговото порно име, а целиот разговор го има во видеото погоре.

Објавено:
14 јануари 2020
Прегледно:
507 пати
Тагови: 
Бред Пит видео