Бруно Марс ќе ве расположи повеќе од кој и да е денеска

Бруно Марс се појави во последното издание на Carpool Karaoke на комичарот Џејмс Корден и тој по којзнае кој пат ги собра сите симпатии.

Се чини ова беше најзабавното караоке досега, со оглед на тоа што пејачот ги има некои од најпопуларните и најзабавни песни направени било кога.

Како што очекувавме, и двајцата момци беа полни енергија додека ги пееја огромните хитови на пејачот, им довикуваа на случајните минувачи, пробуваа капи како заштитен знак на Бруно, а сосема на крајот и водителот се облече во слична комбинација како пејачот.

Џејмс побара и некој романтичен совет од Бруно со оглед на тоа што тој е познат по секси текстовите во песните и важи за момче кое го сакаат многу девојки.

Доколку оваа среда сѐ уште немавте прилика да се развеселите, тогаш ова видео дефинитивно ќе го стори тоа.

 

 

Објавено:
14 декември 2016
Прегледно:
824 пати