Цело училиште му аплаудира: Шестгодишно момче ја победи леукемијата и се врати како херој

Шестгодишниот Џон Оливер е вистински херој. После повеќегодишна борба со леукемијата, тој пред два дена се врати на училиште како вистински победник.

Беше дочекан со аплаузи и овации и од другарчињата и од вработените на школото.

Неговите родители раскажаа дека овие три години колку што се борел со болеста, не биле ни малку лесни, но дека тој сега се чувствува добро.

„Не можеше да се движи, ниту да има било каква физичка активност. Беше како во меур, но сега е готово. Возбудени сме и со радост гледаме на иднината“.

Инаку, на Џон на 1 ноември 2016 година, му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија и оттогаш постојано бил под хемотерапија која го спречувала да ужива во детството. Последната ја примил за време на празниците, а со тоа завршува ова за него и неговото семејство тешко поглавје.

Пречекот од неговите другари е нешто што ќе ви разбуди емоции!

 

Објавено:
13 јануари 2020
Прегледно:
1.177 пати