Чантите во последните 100 години

Сајтот mode.com досега во повеќе наврати ни овозможи да видиме како се менувала модата во последниве сто години - од облека, преку очила за сонце, свршенички прстени, бикини, а сега на ред дојдоа и чантите.

Имајќи предвид дека после чевлите, повеќето жени најмногу пари трошат на чантите, сигурни сме дека на многумина ќе им привлече внимание ретроспективата од еден век.

Одвојте две и пол минути и погледнете како драстично се менува овој моден додаток без кој не може да се замисли ниту една комбинација.

Објавено:
2 јули 2016
Прегледно:
852 пати