Дали „Светот на Аватар“ е најубавото место на светот?

Ако некогаш се прашувавте дали постои некаков рај на земјата, тогаш денеска ќе го дознаете одговорот на тоа прашање.

Веројатно досега барем еднаш сте го погледнале филмот Аватар во кој можете да видите неверојатно убави и магични места за кои досега не мислевме дека постојат.

Режисерот на филмот со најголема заработувачка во светот, Џејмс Камерун се обиде да ги оствари соништата на сите обожаватели на филмот и заедно со голема група соработници создаде Аватар парк насловен како – Pandora, The World od Avatar.

Истиот е сместен во „Светот на Дизни“ во Флорида, како засебно место каде посетителите ќе можат да уживаат во фантастичната природа и да се прошетаат низ разните оддели кои неверојатно потсетуваат на сцените од филмот.

Паркот се очекува да се отвори ова лето, а огромниот простор ќе нуди и прошетки со чамец низ неоткриените места во паркот, прошетка низ дождовна шума, консумирање на оригинална Аватар храна, како и виртуелно летање со птиците предатори од филмот.

Првиот човек на „Светот на Дизни“, Боб Чапек изјави дека овој парк го смета за огромен чекор напред во промоцијата на нивните атракции и нешто што задолжително мора да се посети барем еднаш во животот.

„Мислам дека сѐ што направивме во Пандора е неверојатно возбудливо. Патувањето низ реката, прошетките низ шумата, летањето...сето тоа е нов вид на магија што ние им ја нудиме на нашите посетители“, вели тој.

Режисерот на филмот чие продолжение се очекува во декември 2018 година и уште три во годините што следат, Џејмс Камерун изјави дека по „Титаник“ и „Аватар“ едноставно можел да ужива на јахта до крајот на животот, но тој одбрал да продолжи да работи.

Создавањето на овој неверојатен парк било нешто за што требале долги години работа и многу умови за целата магија да се собере на едно место.

Она што го натерало режисерот и неговите соработници да издржат во создавањето на овој неверојатен парк е пораката дека секогаш и секаде треба да се грижиме за околината и да правиме работи што ќе бидат во нејзина полза.

Во продолжение во видеото погледнете како изгледа кога магијата од филмот се пренесува на едно место во реалниот живот. 

Објавено:
16 март 2017
Прегледно:
275 пати