Димитар Андоновски и Тајфата имаат нова песна и спот

Тајфата и Димитар Андоновски снимија нова песна. Станува збор за нумера која ќе се најде на нивниот прв албум кој треба да биде промовиран многу наскоро.

Песната се вика "Не си моја", а како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.

Интересна љубовна приказна преточена во уште поинтересен видеоспот што ќе може да го погледнете во прилог.

- Мислиме дека доста не чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача - велат од бендот.

Погледнете го спотот.

 

Објавено:
25 септември 2019
Прегледно:
94 пати