Донатела Версаче ги отвори вратите на својот дом за Вог

Италијанската дизајнерка Донатела Версаче ги отвори вратите на својот дом во Милано, инаку претходно апартман во кој живеел Џани, за популарната рубрика на магазинот Вог „73 прашања".

Додека одговара на прашањата на новинарот од Вог, Донатела пред јавноста открива дел од интимниот, домашен амбиент во кој секојдневно функционира, а кој е реплика на нејзината препознатлива дизајнерска естетика.

Пространиот дом со високи плафони, асоцира на храм исполнет со луксуз во комбинација на дрвени елементи и златни нијанси.

Во интервјуто Донатела открива интересни моменти, како на пример дека еден од најдрагите спомени од нејзиниот брат е неговото последно големо модно шоу во Париз, пред да биде убиен.

Исто така кажува дека за најголемо достигнување во нејзиниот живот ги смета нејзините деца, периодов е опседната со песната „Million reasons", а омилен филм и е актуелниот „Shape of water" што важи и за еден од главните фаворити за Оскар.

Што друго открива Донатела, погледнете во видеото.

 

Објавено:
2 февруари 2018
Прегледно:
1.566 пати