Дуетот на Флоренс Велш и Мик Џегер ќе ви го разубави денот

Веќе е познато дека Ролинг Стоунс се големи обожаватели на Florence and the Machine, па воопшто не беше чудно што ги поканија да ја отворат нивната турнеја насловена како „No Filter“ изминатиов викенд во Лондон.

Откако ја „загреаја“ публиката со нивните најголеми хитови, сцената им ја препуштија на легендите Ролинг Стоунс кои се чини дека имаат непресушна енергија во себе.

За концертот да биде уште подобар, енергичната Флоренс се врати на сцената и заедно со нив ја испеа фантастичната балада „Wild Horses“ која звучеше уште подобро со нејзиниот вокал.

Ова не е првиот пат шармантната пејачка да гостува на турнеја на легендарниот бенд. Во 2012 година, таа му се придружи на бендот на интерпретацијата на Gimme Shelter во лондонската „02“ арена.

На 5 – ти август почнува и официјалната турнеја на Florence and the Machine низ Северна Америка.

Објавено:
30 мај 2018
Прегледно:
323 пати