DUPER имаат нов хит!

По огромниот успех на нивната прва песна „Не сум твој тип“ која ја зарази цела Македонија, бендот DUPER има нова песна.

„Тело за на ТВ“ е нивната втора песна, а за истата имаат снимено и видео запис на разни локации низ Скопје.

Музиката, текстот и аранжманот е на DUPER, додека снимањето, микс и мастерот се на Дејан Момироски од XL Студио Момироски.

Спотот го режираше Томи Акимовски, а во истиот можеме да ги видиме членовите на бендот како се возат во автомобил низ Скопје.

Како ви се допаѓа нивната нова песна?

Објавено:
26 септември 2018
Прегледно:
371 пати