Ед Ширан ги пее најголемите хитови во новото Carpool Karaoke

Во моментов, тој е дефинитивно еден од најпопуларните млади пејачи на планетава кој е исклучително талентиран и има огромен број хитови кои веруваме дека ги знаете.

Ед Ширан беше дел од последното издание на емисијата Carpool Karaoke со Џејмс Корден каде заедно испеаја некои од неговите најголеми хитови во придружба на неговата гитара без која ќе каже дека се чувствува како гол.

Сосема очекувано, емисијата започна со планетарно популарната Shape of You, за да продолжи со Thinking out loud, па дури и Love Yourself која тој ја напиша за Џастин Бибер.

Во еден момент, водителот и пејачот ќе се натпреваруваат кој може да собере повеќе чоколадни топчиња во устата, а победник во играта ќе биде Ед.

Сосема на крајот, тој ќе отпее дел од Castle on the Hill, на што ќе му се придружи водителот кој ќе се обиде да го промени текстот, а кралот на стиховите ќе му даде неколку интересни предлози.

Ова е задолжителното видео за денеска!  

Објавено:
7 јуни 2017
Прегледно:
228 пати