Екстремно адреналинска модна фотосесија на Роберто Кавали

Ова сигурно ќе биде најекстремното модно  видео кое ќе го видите оваа недела. Неверојатно атрактивни модели, но исто толку и неверојатно висока сцена каде тие треба да позираат. Во храбриот потег е вклучен италијански скокач, моделот Роберта Манчино, заедно со фотографот Ноа Бехнсон  и уште неколку модели, кои снимија  фотосесија на едно од најпознатите планински места во Италија,  Монте Бренто.

Овој проект е на модниот гигант Роберто Кавали, а намената е исклучиво за Денот на вљубените од изминатиот месец  фервуари.

Видеото од тоа како се изработуваше оваа февруарска кампања е објавено сега, а доколку се прашувате како фотографот Ноа успеал да го изведе, одговорот лежи во поставеноста на фото објективите на неговата заштитна кацига.

Ова видео е фантастичен пример на подвиг што повеќето од нас никогаш не би го направиле. Овој проект сигурно го донесе и новото значење на „висока мода“.

Објавено:
28 март 2014