Еминем има нова песна и спот во кој се појавува и Мајк Тајсон

Настапот на „Оскарите“ ги потсети сите зошто Еминем беше голема ѕвезда кон крајот на деведесетите години од минатиот век и покажа дека тој сè уште може да го задржи вниманието на публиката.

Раперот вчера го објави спотот за песната „Godzila“, кој за 15 часа има речиси девет милиони прегледи. 

Во видеото се појавува и Мајк Тајсон (53), а е во спомен на американскиот рапер Џеред Хигинс (Juice Wrld) со кој и соработувале при создавањето на песната, која првично беше објавена во јануари годинава.

Хигинс почина на 8 декември, како последица од предозирање.

 

 

Објавено:
10 март 2020
Прегледно:
1.690 пати