Емотивно: Излезе првата најава за „Беверли Хилс“!

По најавата дека екипата на култната серија „Беверли хилс“ ќе се собере повторно, вчера вечер излезе и првата најава за серијата која со нетрпение повторно ја очекуваме.

Како што беше и претходно потврдено, а и се гледа во видеото, и Шенон Доерти (Бренда) се приклучи кон екипата. За жал, Лук Пери почина непосредно пред да започне проектот и ќе недостасува во новите епизоди.

Сепак, едно е сигурно дека ова видео буди спомени на едно безгрижно детство. „Беверли Хилс“ обележа цели генерации, така што нема сомнение дека премиерата на 7. август на „Фокс“ ќе биде со неверојатна гледаност.

Во продолжение погледнете ја и средбата на актерите на проба. 

Ве вратија години наназад, нели?

Објавено:
15 мај 2019
Прегледно:
2.135 пати