Еве како Ким Кардашијан влезе во фамозниот фустан!

Ким Кардашијан со неверојатниот фустан на Тери Муглер успеа да го сврти целосно вниманието кон себе. Повторно. Многу се коментираше за тоа како е изработен, но уште повеќе како старлетата успеа да изгледа така во него и да има неверојатно тенка половина.

Повеќе за тоа пишувавме ТУКА, но во меѓувреме се појави и видео на магазинот „Вог“ каде се прикажани последните подготовки на Кардашијан за гламурозниот настан.

Во видетото ќе видите каков корсет носи, а ќе дознаете и како е изработен фустанот. Многумина ќе се изненадат од фактот дека се работи за креација создадена од силикон, а како нејзиниот тим ќе успее да направи да изгледа како што и јавноста ја виде на црвениот килим, оставаме да видите во видеото погоре.

 

Објавено:
8 мај 2019
Прегледно:
25.267 пати