Фасцинантно: „Диор“ објави како ја создаваше новата колекција од Висока мода

Брендот „Диор“ ја имаше честа меѓу првите да ја претстави најновата колекција во рамки на актуелната недела за Висока мода за есен 2019.

Ние веќе објавивме за истата, гламурозна ревија на „Диор" за љубителите на црната боја, но факт е дека таа е многу повеќе од гламурозна.

Од брендот неодамна објавија видеа за тоа како ја создавале. Со оглед на тоа дека пердувите доминираа, од видеото ќе видите дека секој рачно се обликува, а потоа се аплицира на ткаенината. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior) onJul 5, 2019 at 3:00am PDT

 

Исто така, од „Диор“ презентираат специјални техники што опфаќаат везење, а потоа  опшивување, многу часови деликатна рачна изработка, што апсолутно го оправдува епитетот Висока мода.

Погледнете ги видеата, а со оглед дека се на француски, во десниот дел долу од видеото (CC) можете да го уклучите и преводот на англиски.

Фасцинантно!

 

Објавено:
8 јули 2019
Прегледно:
133 пати