Фото+Видео: Светна и најубавата елка во Њујорк

Њујорк е една од омилените дестинации за посета во текот на целата година, но посебно е омилен во зима, во периодот на новогодишната магија.

А таа официјално започна викендов, со поставувањето на елката на Рокфелер центарот на Менхетен.

Годинашната елка е висока 22 метри и е донација од 75-годишна двојка од Валкил, кои и ја одгледувале. Тешка е 12 тона, а сопствениците ѝ дале и име - Шелби.

Врвот на елката е украсен со Сваровски ѕвезда тешка 400 килограми, a целата е обвитката со 8 километри ЛЕД сијалички во различни бои.

Илјадници луѓе го проследија настанот збогатен со музичка програма, а елката ќе го краси Њујорк до седми јануари.

Погледнете ги и фотографиите:

Објавено:
30 ноември 2018
Прегледно:
429 пати