Џамбо Агушев и Дамјан Пејчиноски гости на составот „Етносфера“ во новото видео за „Дафина“

Секој виртуоз на својот музички инструмент – до толку e генијален музичкиот состав „Етносфера" кои вчера го промовираа својот нов музички запис за песната „Дафина".

Она што е уште пофасцинантно е тоа што во овој проект им гостуваат, светските, а наши музичари, Џамбо Агушев и Дамјан Пејчиноски, со што музичкиот состав ја заокружува својата перфекција.

Фото: Etnosfera - fan page, Facebook

Синергијата на етно звуците со модерниот ритам ќе ве натера цел ден да подигрувате на звуците на „Дафина" за која спотот го реализираше „Веста Продукција", а е снимен во „Порта Џез" во Битола.

„Етносфера" е составена од музичките уметници, битолчаните Благојa Трајковски и Николa Мицевски, заедно со Владимир Крстев, Зоран Костадиновски, Тони Цветаноски, Павле Јаневски, Зоран Ристевски Озо, Зоран Конга Јагоридовски.

Објавено:
4 август 2017
Прегледно:
980 пати