Хајди Клум и Педро Паскал во жешка љубовна приказна во новиот спот на Сиа

Новиот, долгоочекуван видео спот на одличната Сиа конечно го доживеа светлото на денот, а во него можеме да ги видиме ни повеќе ни помалку, туку единствената Хајди Клум и згодниот Педро Паскал од „Игра на престоли“.

Во видеото за песната „Fire Meet Gasoline“ можеме да ги видиме Хајди и Педро во жешки прегратки и страсна љубовна приказна прикажани преку едно сосема вообичаено љубовно сценарио со многу искри.

Прекрасната Хајди во видеото ја промовира и нејзината нова колекција долна облека која, како што и очекувавме, е и повеќе од секси!

Жешката љубовна приказна помеѓу Хајди и згодниот Педро завршува „експлозивно“ – откако манекенката ќе ја полие куќата со бензин, излегува од неа со добро позната перика на Сиа и се упатува директно во прегратките на нејзиниот сакан кој вознемирено гледа во куќата што гори.

Режисер на овој спот на секогаш одличната Сиа е Франческо Карозини.

Објавено:
24 април 2015