Хавана ги испрати, Милано ги пречека – здравствени работници од Куба ќе ѝ помагаат на Италија

Делегација од 37 доктори и 15 медицински сестри од Куба, вчера пристигна во Италија, како помош од клучно значење во овој период за здравствениот систем на земјата која досега брои најголем број жртви од пандемијата.

Здравствените работници од аеродромот во Хавана беа испратени со голем аплауз, а достоинствено дочекани и на аеродромот Малпенза во Милано, каде им се обрати потпретседателот на регионот Ломбардија, Фабрицио Сала.

„Му благодарам на амбасадорот, конзулатот и владата на Куба што ја превземаа оваа значајна акција за помош", се заблагодари Сала.

Кубанските здравствени работници ќе понудат стручна помош во новата болница лоцирана во Бергамо, еден од најпогодените региони.

Куба е земја препознатлива и по својот врвен образовен систем и одлично образованиот медицински кадар. До сега оваа земја испрати шест медицински делегации. Пред Италија, екипи на доктори и медицински сестри од Куба деновиве пристигнаа и во Венецуела, Никарагва, Јамајка, Суринам и Гренада.

Објавено:
23 март 2020
Прегледно:
417 пати