Хавиер Бардем: Кои се Кардашијан? Измислиле некоја вакцина?

Познатиот шпански актер Хавиер Бардем деновиве гостуваше во емисијата на популарниот Конан О Брајан, каде говореше за неговите нови проекти и прекрасната сопруга Пенелопе Круз.

Во еден момент, водителот констатира дека актерот не знае многу познати личности, а Бардем го потврдува тоа. Тој објаснува дека пред некој ден видел некоја од девојките Кардашијан и не знаел која е таа и зошто е толку позната.

На тоа, водителот се обидува да му објасни кои се и што работат, но тој ќе праша: Зошто да ги знам: Измислиле ли некоја вакцина? Направиле ли нешто за сиромашните луѓе од општеството?

Неговите коментари наидоа на многу позитивни реакции од обожавателите кои велат дека тој е среќен што живее во свет во кој не знае кои се девојките Кардашијан.

Погледнете го целото видео погоре.

 

Објавено:
1 октомври 2018
Прегледно:
2.430 пати