„Хитроу“ ја има најемотивната празнична реклама

Во низата празнични реклами, својата ја претстави и лондонскиот аеродром „Хитроу“. Главните ликови се  препознатливите мечиња, кои одново успеаја да предизвикаат низа емоции.

Љубовта во и од семејството повторно е ставена во фокусот, како најважна и најубава секогаш, но особено во празничниот период. 

Пораката за оваа година е отпајтувајте некому, а не само некаде, а ние на тоа немаме што да додадеме.

Уживајте во видеото.

Објавено:
5 декември 2017
Прегледно:
650 пати