H&M ви посакуваат магични празници

Во пресрет на новогодишните празници, модните куќи и брендови одлучија нивните божиќни кампањи да изобилуваат со снежна магија, динамични танци и празнични музички рапсодии. Шанел ни подготви мини филм со песната на Фарел Вилијамс и Кара Делевињ, а H & М пак, во своето видео за новогодишната кампања реши главните улоги да им ги додели на Лејди Гага и Тони Бенет. Новата рекламна кампања која беше промовирана на интернет изминатата недела, буквално го разбуди новогодишниот дух и со својата магија ни го претстави Божиќ со многу конфети во различни бои, весела забава и сценско – танцова изведба на Гага и Бенет.

Пејачката како и секогаш се појави во несекојдневна и мошне невообичаена креација. Таа носеше свилено кимоно во смарагдна нијанса и масивни црни кадрици. Дејствието се случува во стилизирана театарска соба каде Гага и Бенет пееја и играа во живо на песната „Do not Mean a Thing“ која ќе се најде на нивниот заеднички носач на звук насловен „Cheek to Cheek“.

Шведскиот бренд, H & М, заедно со Лејди Гага и Тони Бенет преку видеото сакаат да ви ги честитаат и да ви посакаат магични, весели и среќни празници.

Објавено:
26 ноември 2014