Ентони Хопкинс, композиторот...

Ако денов ви е тмурен или нешто не се расположени, веруваме дека музиката што ќе ја слушнете ќе ви го подобри расположението.

„And the Walz Goes On“ е насловот на делото кое пред педесетина години го компонирал токму Ентони Хопкинс. 

За оние што го следат ликот и делото на неверојатниот актер, ова и не е некоја нова информација. Сепак, за вас што можеби првпат дознавате дека пред да стане актер, Ентони уживал во музиката и компонирал, сигурни сме дека ќе ви биде интересно да го слушнете делото.

Иако не бил воопшто сигурен дали тоа што го  направил е добро или не, пред околу осум години го видел на телевизија виолинистот и диригент Андре Риу и добил идеја.

„Дури пред неколку години ме видел на телевизија и рекол: „Тој со неговиот оркестар ќе го отсвири мојот валцер“. Се слушнавме преку телефон. Беше многу фин и веднаш се договоривме да ми прати ноти. Го снимивме влацерот и можам да кажам дека е фантастичен“, изјави во 2014 година Андре.

Композицијата премиерно е изведена во Виена, а во публиката секако бил и Ентони Хопкинс, кој специјално од Лос Анџелес допатувал за да го слушне своето дело, а откако тоа се случило, едноставно прокоментирал:

„Не ми се верува дека ова толку добро звучи и дека произлегло од мене“. 

Иако за животот и делото на Хопкинс има уште многу да се пишува, сепак овде ќе запреме и ќе ве оставиме да уживате во делото.

На видеото во продолжение може да се види уште повеќе уживањето и гордоста што ја чувствува кога ги слуша нотите што произлегле од него:

 

Објавено:
19 јули 2018
Прегледно:
159 пати