Излезе новиот трејлер за „Убиството на Версаче“

После сосема кусата најава, што вистински ги заинтригира сите што со нетрпение очекуваат да ја гледаат втората сезона на American Crime Story: The Assassination of Gianni Versace, излезе нов трејлер кој открива многу повеќе.

Од сцената кога е убиен, преку тоа како Донатела Версаче дознава за тоа, погребот и уште многу други моменти се ѕиркаат и будат уште поголем интерес за една од најочекуваните серии.

За потсетување, Едгар Рамирез ќе биде Џани Версаче, Пенелопе Круз ќе се најде во улогата на Донатела Версаче, Рики Мартин ќе го толкува ликот на љубовникот на Џани, Антонио Д'Амико, додека Дарен Крис ќе го толкува ликот на убиецот на дизајнерот, Ендрју Кунанан.

Премиерата е закажана за 17-ти јануари 2018 година.

Објавено:
16 ноември 2017
Прегледно:
1.938 пати