Излезе официјалниот трејлер за Hustlers со Џенифер Лопез и Карди Б

За септември е закажана премиерата на многузборуваниот филм Hustlers. Џенифер Лопез е во главната улога, а за да се подготви прифатила да биде на диета која подразбира целосно отфрлање на јаглехидратите.

Инаку, за потсетување, филмот е во режија на Лорен Скафариа, а раскажува приказна за група стриптизерки кои се здружуваат за да им се одмаздат на нивните клиенти од Вол Стрит. Лопез ќе ја толкува улогата на главна стриптизерка и водич на групата силни жени, а покрај неа во филмот се појавуваат и Констанс Ву, Џулија Стајлс, Кеке Палмер, Лили Рајнхарт, Лицо и Карди Би.

Трејлерот ветува женска акција, а дали ќе ги оправда очекувањата, останува да видиме.

Погледнете го трејлерот, како и видеото од Инстаграм профилот на Џеј Ло.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJul 16, 2019 at 9:00pm PDT

 

Објавено:
17 јули 2019
Прегледно:
473 пати