Излезе првиот трејлер: Рене Зелвигер одлична како Џуди Гарланд

Откако се појавија првите фотографии од Рене Зелвегер како Џуди Гарланд, сите се изненадија од нејзината трансформација и со нетрпение очекуваа да го видат првиот официјален трејлер.

Тој конечно се појави, а од него дознаваме дека приказната не почнува со „златните години“ на Гарланд, која ги вклучува и улогите во „Волшебникот од Оз“ и „Ѕвездата е родена“.

Филмот тргнува од смртта на нејзиниот татко и проблемите со дрогата, обидот за самоубиство... Низ приказната се прикажува и нејзината борба помеѓу Џуди мајката и Џуди уметницата, потрагата по љубов и моментот кога надоаѓаат и други проблеми во кои ќе потоне.

Погледнете го видеото, а премиерата се очекува na 27. септември годинава.

Објавено:
10 јули 2019
Прегледно:
187 пати