Излезе првиот трејлер за филмот за Фреди Меркјури и „Queen“

После неколкуте фотографии од снимањето, конечно е објавен првиот трејлер за филмот „Bohemian Rhapsody“. 

Остварувањето ќе ја следи приказната за тоа како е создадена легендарната британска рок група „Queen“, но уште повеќе со акцент на животот на Фреди Мјеркури, кого го толкува актерот Рами Малек.

Снимањето на филмот започна уште во 2010 година, а тогаш се веруваше дека ликот на легендарниот пејач ќе го толкува Саша Барон Коен. Сепак, поради креативни несогласувања, тој го напушти проектот во 2013 година, а на негово место дојде американскиот актер. 

Првите реакции на трејлерот и Рами како Фреди се одлични, а комплетната приказна ќе ја гледаме во ноември (2.11), за кога е закажана светската премиера. Британската премиера ќе се случи нешто порано, односно се очекува да биде кон крајот на октомври.

Филмот е во режија на Декстер Флечер, а покрај Малек во филмот се појавуваат Џозеф Мазело, Бен Харди, Гвајлим Ли...

Какви се вашите први впечатоци?

Објавено:
16 мај 2018
Прегледно:
114 пати