Излезе првиот трејлер за серијалот за Версаче!

По големиот успех на првата сезона на серијата „American crime story" која се занимава со приказната на една од најпознатите криминални истраги во САД, убиството на сопругата на О.Џ Симпсон, втората сезона се најавува уште поамбициозно. Овој пат во фокусот на серијата ќе биде убиството на легендарниот моден дизајнер Џани Версаче.

Деновиве излезе и првиот трејлер за долго најавуваната серија во која кастингот е фантастичен: Пенелопе Круз ќе ја гледаме во улогата на сестрата на Џани, Донатела Версаче, а покрај неа ќе глумат и Рики Мартин, Едгар Рамирез, Дарен Крис и други познати актери.

„Versace: American crime story" ќе почне да се емитува следната година, а во меѓувреме погледнете го првиот трејлер како најава за тоа што може да очекуваме.

 

Објавено:
24 октомври 2017
Прегледно:
753 пати