Излезе трејлерот за филмот за Џеки Кенеди

Првиот трејлер за биографскиот филм за Жаклин Кенеди, насловен како „Џеки“ излезе вчера. Од она што можеме да го видиме, тимот на остварувањето внимавал на сите детали, од косата до модните комбинации во сите сегменти од животот на Првата дама, обработени во филмот.

Дали со оваа улога Натали Портман повторно ќе биде кандидат за Оскар останува да видиме.

Во продолжение погледнете го промотивното видео, кое ветува одлично остварување, чија премиера се случи на Венецискиот филмски фестивал минатиот месец.

Објавено:
6 октомври 2016
Прегледно:
1.632 пати