Излезе трејлерот за Pitch Perfect 3

Филмскиот хит Pitch Perfect се појави во 2012 година. Ана Кендрик, Ребел Вилсон, Британи Сноу и останатата екипа веројатно и не веруваа дека ќе доживеат таква популарност со ова остварување.

Сепак, интересот на публиката го направи своето, па гледавме и второ продолжение во кое вокалната група „The Bellas“ станува светски првак, а во кое Елизабет Бенкс се појави и во улога на режисер на филмот.

Сега пак, се појави официјалниот трејлер за третото продолжение, кое по сè изгледа ќе има многу акција. Премиерата е закажана за 22-ри декември, а непосредно пред новогодишните празници народот ќе се смее на новите авантури на девојките кои веќе завршија факултет, но животот не им оди според планираното.

Во третото продолжение се соочуваат со нов предизвик, ново првенство во Шпанија, а на веќе познатата екипа им се придружуваат и Руби Роуз и Џон Литгоу. 

А подолу погледнете го и вториот официјален трејлер:

Објавено:
26 септември 2017
Прегледно:
80 пати