Израел е победник на Евровизија 2018

Претставничката на Израел, ексцентричната Netta со песната „Toy", е побеник на 63-то издание на Евровизија.

Израелската претставничка успеа да освои најголем дел од симпатиите на Европа, а меѓу фаворитите кои високо котираа во најтесниот избор беа и Кипар, Австрија, Италија, Шведска...

Вечерва се одржа финалната вечер на 63-то издание на Евровизија во Лисабон, Португалија.

Македонија годинава ја претставуваше групата „Eye Cue" со песната „Lost and found" кои настапија во првата полуфинална вечер, но не успејаа да се пласираат во финалето.

Погоре погледнете го настапот на годинешниве евровизиски победници.

 

Објавено:
13 мај 2018
Прегледно:
624 пати