Како го негува лицето оваа 58 годишна убавица?

Прекрасната Џоан Северанс е една од најпознатите супер модели од 80 – тите, а таа и денеска изгледа неверојатно благодарение на грижата која ја води за своето тело.

Неодамна, 58 годишната Џоан ги сподели своите тајни за магазинот Вог во супер видео во кое чекор по чекор открива како се шминка секојдневно.

Дека е природна убавица докажува и нејзината чиста кожа која таа ја одржува со специјални маски и креми, но ќе каже и дека уште од детството се бори со болеста витилиго (Vitiligo) за што користи специјални коректори.

За само пет минути таа совршено ги покрива недостатоците на лицето и изгледа неверојатно свежо и шармантно, а што се однесува до косата, таа сака истата да изгледа природно и да ја средува сама.

Во видеото погоре, погледнете како оваа 58 – годишна убавица се подготвува за секојдневните обврски во само неколку минути.

 

Објавено:
8 мај 2017
Прегледно:
2.378 пати