Како изгледа внатрешноста на модната агенција IMG...

Познатиот модел Џиџи Хадид ја угости екипата на магазинот „Вог“ во својата матична модна агенција IMG. Тоа е местото од каде што почнале или се дел и голем број други познати модели меѓу кои Алесандра Амбросио, Амбер Валета, Жизел Бундшен, Кејт Мос, Карли Клос и многу други...

Ако мислевте дека се работи за некое мало здание, се лажете. Просториите се огромни и со голем број вработени.

Поводот беше рубриката „73 прашања“, кои Џиџи се потруди да ги одговори досетливо и брзо.

Ако досега не сте знаеле, нејзиното вистинско име е Џолина, и ретко кој ја вика така, бидејќи таа преферира да ја викаат Џиџи.

 

За „Вог“ открива дека Калифорнија ѝ недостасува поради тоа што не е веќе толку блиску до плажа.

-Но, Њујорк го сакам затоа што можете да правите сè што сакате во било кое време - вели моделот.

Не крие дека сака да има деца, а детството го памети по дружбата со коњите. Пред да стане модел, се занимавала со одбојка, а ја интересира и криминологијата, па размислува за продолжување на образованието.

Што уште открива, погледнете во видеото.

Објавено:
25 јули 2017
Прегледно:
200 пати