Како на едноставен начин да се нашминкате како Емили Ратајковски?

Доколку редовно ја следите онлајн страната на магазинот Вог, тогаш сигурно досега сте погледнале некое од нивните видеа во кое познати дами сами се шминкаат и ги откриваат производите со кои го прават тоа.

Последна објавена на нивната страница беше популарната актерка и модел Емили Ратајковски која на едноставен и совршен начин сама ја нанесува нејзината дневна шминка.

За почеток, таа става лесна пудра по што со едноставна четка ги редува веѓите за кои ќе каже дека се од исклучително значење за добар изглед.

Ниту една девојка од дома не смее да излезе без малку руменило, а токму тоа ќе го потврди и манекенката која е голем обожавател на овој производ.

Маскарата и сенките во земјени тонови се исто така едни од нејзините омилени производи, а на едноставен начин со неколку соодветни четки таа многу лесно ги нанесува истите.

За прекрасен дневен изглед таа користи и кафен кармин и сјај за уста од палетата шминки на единствената Пат Меграт, а за вечерниот изглед единствено додава малку потемна сенка за очи.

Погледнете го видеото и инспирирајте се!

Објавено:
11 септември 2018
Прегледно:
125 пати