Како се изработува новата „Ит“ чанта од Марк Џејкобс?

Познато е дека Марк Џејкобс е секогаш оригинален во своите идеи, па така во 2010 година позираше гол за лансирањето на машкиот парфем „Bang“, а во 2014 година направи контроверзна кампања за пролет-лето  колекцијата  со тоа што ја избра Мајли Сајрус за заштитно лице на истата.

Овој пат Џејкобс реши да ја лансира новата линија чанти„ Инкогнито“ со кратко видео во кое се прикажува целокупниот процес на изработка, од изборот на скиците, материјалите и боите, па се до конечниот производ. Чантите се изработуваат во неговата фабрика во Милано, а нивната цена се движи од 2.100 до 3. 800 долари. Моделите се достапни во сите продажни салони на Марк Џејкобс и тоа во разни материјали и бои.

Објавено:
6 август 2014