Како се прави маскара?

Маскарата е неизоставен дел од декоративната козметика што ја поседува секоја жена. Ја користиме за погледот да ни биде повпечатлив, попривлечен, очите поубави.

Но, за квалитетот, сјајот и ефектот на маскарата придонесуваат голем број супстанци. Едно време се рашири вест дека во маскарата се содржи и измет од лилјак, но остана само на ниво на гласини.

Парафин и карнауба восокот придонесуваат за разните пигменти на маскарата и овозможуваат трепките да ни бидат подолги и погусти. Во маскарата се содржи и Пантенол, кој ги обновува и хидрира трепките. Со присуството на витаминот Б5, трепките стануваат помалку осетливи и кршливи.

Што сè друго содржи маскарата и како се прави погледнете во видеото.

Објавено:
28 март 2016
Прегледно:
2.425 пати