Како „Шанел“ ја создава својата модна магија...

Во текот на модната недела во Париз за Висока мода, одржава во јануари годинава, своја колекција претстави и модниот бренд „Шанел“.

Навидум едноставните креации се сè само не едноставни за изработка. Честопати знаеме да прочитаме како за изработка на некоја креација се потрошени 300, 500 па и повеќе часа, а откако ќе го погледнете видеото ќе се уверите и сами зошто е тоа така.

Секое од цветчињата зсо 3Д ефект за кои мислите дека се веќе вткаени во самиот материјал, всушност е создавано рачно, па потоа пришијувано за основата на материјалот.

Како „Шанел“ ја создава својата модна магија, погледнете од видеата. Во продолжение следат и видеата од модната недела за Висока мода од претходните години:

Објавено:
28 март 2018
Прегледно:
455 пати