Кали со „Ти ми зеде сè“ ја најави својата соло кариера

Викендов во „Old School" беше промовиран првиот соло сингл на нашиот познат вокал Калина Векловска – Кали, со што таа ја најави својата соло кариера.

Заедно со песната која е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски, беше промовиран и видео записот за истата, а зад кој како режисер се потпиша Александар Ристовски – Принц.

Песната е со интересен, динамичен и модерен ритам со моменти на драм енд бејс звук.

Во богатото портфолио каде што Кали како вокалист застапува многу различни бендови со жанровски различни стилови на музика, за прв пат запливува во меjн стримот како вокалист на песната „Ти си насекаде" во соработка со саксофонистот Горан Папаз и композиторот и продуцент Александар Масевски.

Фото: Маја Аргакиева

Објавено:
16 април 2018
Прегледно:
379 пати