Калвин Клајн ја слави природната убавина на жените во новата реклама

Дека сѐ поголем број од светски познатите модни куќи во своите кампањи ангажираат жени кои сведочат за природната убавина докажува и последната реклама за долна облека на Калвин Клајн.

Во истата ќе ги видиме прекрасните актерки Кирстен Данст, Лорен Хатон, Рашида Џонс и уште неколку други кои изгледаат навистина природно, со минимална шминка и едноставна фризура.

За оваа фантастична реклама, првиот човек на брендот, Раф Симонс ангажираше навистина силни и моќни жени со уникатни приказни кои за него ја отелотворија природната убавина и покажаа колку е таа значајна.

Фотографиите и снимката се црно – бели, а истите ги направи неповторливата Софија Копола. На снимката можеме да ги видиме шармантните актерки во прекрасните модели долна облека на брендот кои долги години се и едни од најпосакуваните и најпродаваните.

Погледнете го видеото и уживајте во природната убавина на овие супер талентирани актерки. 

Објавено:
19 април 2017
Прегледно:
315 пати